Нешто за што дефинитивно треба да размислите…

За да ја разберете вредноста на десетте години:

Прашајте го брачниот пар кој штотуку се развел.

За да ја разберете вредноста на четирите години:
Прашајте го средношколскиот пар кој штотуку се разделил.

За да ја разберете вредноста на една година:
Прашајте го студентот кој го паднал последниот испит.

За да ја разберете вредноста на еден месец:
Прашајте ја мајката на предвреме роденото дете.

За да ја разберете вредноста на една недела:
Прашајте го уредникот на неделениот весник.

За да ја разберете вредноста на еден час:
Прашајте го вљубениот пар кој нестрпливо чека да се сретне.

За да ја разберете вредноста на една минута:
Прашајте го тој што го пропуштил возот, автобусот или авионот.

За да ја разберете вредноста на една секунда:
Прашајте го тој што преживеал несреќа.

За да ја разберете вредноста на една стотинка:
Прашајте го тој што го освоил сребрениот медал на Олимпијадата.

Времето не чека никого.
Ценете го секој момент. Ќе го цените уште повеќе ако го споделите со оние што ги сакате.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР