Неговото име беше Флеминг и беше сиромашен, шкотски фармер. Еден ден работејќи, трудејќи се да заработи за живот на своето семејство од блатото слушна повик за помош. Ги остави алатите и се стрча натаму.
Tаму беше едно младо момче, до половината заглавено во калта, преплашено борејќи се да се ослободи. Фармерот со сета сила, успеа да го ослободи и извади момчето од бавната смрт.

Следниот ден пред фармата се појави богат благородник кој се претстави како татко на спасеното момче, благодарение на фармерот.
Би сакал да ви платам,” рече тој, “го спасивте животот на мојот син.
Не, не можам да прифатам никакво плаќање, ” рече Флеминг одмавнувајќи со раката. Тогаш на вратата се појави и синот на фармерот.
“Дали е тоа вашиот син?” -праша благородникот.
Фармерот гордо потврди.
“Ајде да направиме еден договор. Да му го пружам на вашиот син нивото на образование кое ќе го има и мојот син. Ако вашиот син е и малку како вас, со соодветното образование сигурно ќе порасне во човек на кој и двајцата би се гордееле.”
Фармерот се сложи. Неговиот син учеше во најдобрите медицински училишта и стана познат низ целиот свет како Сер Александар Флеминг, откривачот на пеницилинот.
Многу години подоцна, стариот фармер се разболе од тешка пневмонија.
Што му го спаси животот? Откритието на својот син, пеницилинот.
Кое беше името на благородникот? Лорд Рандолф Черчил.
Името на неговиот син? Сер Винстон Черчил.

Некогаш некој рекол: “сè се враќа, сè се (ис)плаќа!”
Затоа, работете како да не ви се потребни пари, љубете како никогаш да не сте биле повредени, помагајте, без да очекувате нешто за возврат, танцувајте како никој да не ве гледа, пејте како никој да не ве слуша, живејте како да е рајот на земјата. Ќе ви се исплати порано или подоцна ;)

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајскапата USB печурка
Следна објаваПознатите во ренесансата
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

6 КОМЕНТАРИ

    • :)) Да не се надеваш на она, „долго повторуваната невистина…“?

      Како и да е, со среќа. Докај што можеш вака, дотаму „трчај“. Во меѓувреме, читни тука: http://0.mk/Alex_Winnie

      Искрен поздрав, М.

  1. Моралната поука е сосем ОК, ама промовирајќи ја со невистинита приказна, ЦЕЛОСНА измислица, самата себеси се побиваш. Па уште и си нагласила дека е „вистинска приказна“(?!)…

    Каква воопшто има логика да се шират вакви глупости низ интернетов кога 99% од информациите можат да се проверат за помалку од 1 минута?

    И кажи ми, те молам, после ова како и зошто воопшто да се заинтересирам за БИЛО КОЈА твоја идна статија?

  2. Многу пати имам кажано дека повеќе ме исполнува ако некому му помогнам со нешто отколку благодарноста за стореното. Посебно, кога ќе најдам нешто изгубено, заборавено, среќата на лицето на тој што ќе му го врачам неговото што го изгубил повеќе ме исполнува отколку, кога нештото би го задржала за себе. Нема да ме усреќи ако го задржам, ама ако го вратам, радосна сум и некако исполнета.

    • Не мора да значи,да,денеска во ова време малку потешко..Но јас мислам дека ова сите луѓе кои имаат срце би го направиле.Јас лично ако би имала можност да спасам нечиј живот не би барала ништо за возврат! Мене самото добро дело ќе ми го наполни срцето,духовно ќе сум посреќна!А во животот се се враќа се се плаќа!За сторено добро дело не треба да чекаме нешто за возврат! Господ секако мисли на нас !

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР