Шведската куќа за изработка на драгоцен накит Shawish , ја продолжува својата традиција на создавање на луксузни и уникатни работи.

По креирањето на 150 каратниот прстен “All diamond“, прв таков во светот кој вреди 70.000.000 $, Shawish повторни изненади со креирање на најскап и најлуксузен USB стик што некогаш бил создаден.

Овој мал прескап, преубав и корисен предмет е во форма, на нивните добро познати луксузни печурки и е наречен Магична печурка.

Магичната печурка се состои од два дела: стебло – изработено од 18 каратно злато и капа на печурката изработена од стотици рубини, сафири и дијаманти. Печурката обезбедува и 32 GB меморија.

Магичната печурка изработена од бело злато, смарагди и бели дијаманти чини 36.900 $; од жолто злато, бели дијаманти и рубини чини 24.400 $, а онаа од розево злато, начичкана со розови сафири и бели дијаманти чини 16.500 $.

Ќе се осмели ли некој да користи ваков предмет како обичен меморија стик?

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Висока хартиена мода
Следна објаваСè се враќа, сè се плаќа!
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР