Телевизиската легенда Dick Clark ја продава својата единствена, оригинална, брилијантна камена куќа која се наоѓа во Малибу за $3.500.000. Веднаш забележавте за што станува збор; тоа е познатата куќа на семејството Флинстоун. Куќата изгледа како да е изградена од една, единствена камена структура и е оригинална копија на домот на Фред и Вилма од цртаните филмови.

Оваа реална верзија на куќата на Каменковци има една спална, две купатила, камин и неколку огромни прозорски стакла, кои дозволуваат уживање во зајдисонцето, градот, долината Среано,планините Бони, ккао и Каналските острови и Тихиот океан. Целиот имот се протега на површина од 22 хектари. Се надеваме само дека наместо познатото прасе кое на Флинстонови им служеше како одвод, има вистински цевки. :D

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНакит со лик на познатите
Следна објаваВозбудлива детска соба
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР