Целата изолација поради корона вирусот ковид-19 го промени секојдневието на човекот,а со тоа донесе и потреба од извршување на одредени функции од домовите.
Со напредокот на технологијата и појавата на бројни нови „мрежни“ професии, сè повеќе избираат да работат од удобноста на сопствениот дом.

Иако можеби ова звучи привлечно, слободната организација на времето често носи многу неочекувани предизвици. Продуктивноста и работната етика во голема мерка зависат од работната атмосфера во која се наоѓаме, но и од паметната организација на деловните и приватните обврски. За многумина, работењето од дома звучи како луксуз што малкумина можат да си дозволат. Фактот дека работењето од дома има свои предности и недостатоци,како честиот недостаток на мотивација што доаѓа по одредено време, но исто така и зачувување на продуктивноста во дадениот временски распоред.
Затоа ви подготвивме совети на кои треба да се придржувате, за да ја извршите вашата работа од дома и при тоа да сте продуктивни во истата.
 Уредете го вашиот дел за работа
Промената на работната средина се покажа дека има негативно влијание врз вашата продуктивност. Затоа ви препорачуваме да резервирате еден агол од собата и да создадете еден дел од вашата мала, лична канцеларија каде што исклучиво ќе извршувате работи поврзани со деловно работење. Дури и ако вложите малку време во украсувањето и сами да внесете малку личност како во канцелариски простор, работењето во “канцеларијата дома” може да стане вистинско задоволство!

Направете добар план за работа
Не е тајна дека клучот за секој успех лежи во паметното планирање; планирајте ја работната недела однапред колку што можете повеќе, или онолку колку што дозволува вашиот вид на работа. Многу е полесно да ги извршувате задачите навреме и ефикасно кога имате список на задачи, и ако ја организирате вашата работа на овој начин, никогаш нема да се случи да заборавивте да завршите некоја задача.

Идентификувајте ги „крадците“ на времето
Ситни работи како „кратки“ телефонски повици, „кратко“ сурфање преку Интернет, „брзо“ готвење ручек или кафе честопати ве оддалечуваат и ви крадат од вашето драгоцено време повеќе отколку што мислите. Откријте кои активности одземаат најмногу време и реорганизирајте го вашиот работен ден соодветно.

Станувајте рано
Иако многумина ја гледаат големата предност во можноста да се разбудите од дома во секое време, дури и една минута пред работа. Ќе бидете многу посвежи и на тој начин поефикасни и мотивирани доколку денот ви започне рано, со утрински ритуали на кои сте навикнати (кафе, појадок, сурфање на Интернет …).

СПОДЕЛИ
Претходна објава4 сигурни знаци дека имате недостастаток од витамин Ц!
Следна објаваНевообичаени парчиња керамика кои ќе ве воодушеват
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР