Зелената архитектура е сè попопуларен начин за зачувување на животната средина
Не само што научно е докажано дека урбаните градини, шумите и парковите ја намалуваат депресијата, тие се неверојатно вредни за зачувување на животната средина.
Поточно, ООН предвидуваат дека 68% од светското население ќе живее во градовите до 2050 година, поради што урбаните градини и вертикалните фарми се повеќе се појавуваат ширум светот.
Французите започнаа со изградба на „урбани шуми“ околу Париз, во обид да го намалат загадувањето на воздухот, а Сингапур, кој се соочува со криза на храна, гради таканаречени небесни фарми и лабаратории на ракчиња, со што го продолжуваат трендот.
Влијанието на зградите врз животната средина со текот на годините се намалува при што урбаните градини и вертикалните фарми помагаат да се постигне енергетска ефикасност, материјали се еколошки со идеја на свесност за животната средина и зачувување на биолошката разновидност на областа.
Погледнете неколку од најимпресивните градби во светот, кои не само што фасцинираат со својата убавина, туку имаат за цел да ја зачуваат животната средина.