За сите прилики!
Можете да најдете буквално се, во новата колекцијата Balmain Pre-Fall-2020. Оливие Рустен се потрудил да создаде гардероба за секоја пригода и во колекцијата има простор за луксузни вечерни фустани и удобна облека за секој ден.
Во 2020 година, модната куќа ја слави својата 75-годишнина, па Рустен додаде во колекцијата од клучните елементи на ДНК-то на модната куќа Balmain од 50-тите до 90-тите.
Уште од раните епохи, во линијата се наоѓаат буржоаските париски јакни од твид и свилени блузи, а во 80-тите се појавија мини фустаните од сатен, кожа и кадифе украсени со злато.
Топлите јакни и палтата со твид ви даваат идеја како да додадете винтиџ лежерна нота во зимска гардероба.