Во источниот дел на Виетнам, меѓу високите Ба На планини околу градот Да Нанг, отворен е невообичаен висечки мост кој наместо два носечки столбови има џиновски дланки направени од карпи.
Оваа 150 метри долга атракција изгледа како сценографија од некој филм, а височината од преку 1400 метри на кој е изграден, дава извонреден поглед на магичниот пејзаж и Јужното Кинеско Море.
Мостот е дело на државен проект вреден 2 милијарди американски долари, кој има за цел да го забрза развојот на туризмот во оваа земја, а изграден е на местото на кое наскоро ќе никне забавен Fantasy Fun Park и тематското село, кое ќе биде изградено во француски колонијален стил.
Погледнете го видеото за чудесната убавина на ова архитектонско чудо