Австралискиот архитект Marshall Blecher и Magnus Maarbjerg од данското дизајнерско студио Fokstrot создадоа дрвен остров кој плови на пристаништето во Копенхаген.

Создадена од едно листопадно дрво, платформата е само прототип за проектот наречен Островите на Копенхаген чии дизајни се осмислени за да се користат за јавна употреба.

Мора да се согласиме дека ова е одлична идеја за место за одмор на кајакарите, пливачите и идеално место за оние коишто сакаат да се сончаат во летните месеци. Но, планот на Blecher и Maarbjerg не застанува тука. Во нивниот проект се осмислени вкупно девет острови, секој со различна намена, еден дизајниран како отскочна даска за нуркање, друг сауна, трет кафуле итн. Сите овие острови со различни функции ќе можат да се поврзат со цел за одржување на најразлични фестивали или специјални настани.

Вакови проекти се надеваме дека ќе се применат и во другите градови со огромни пристаништа (како Сиднеј на пример), со едноставна цел, да се демократизираат пристаништата за да им бидат достапни на сите подеднакво!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКласични бели кошули идеални за секоја пригода
Следна објаваВо новата луксузна куќа на Аријана Гранде
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР