Потребен материјал:
Големи топчести лампиони
Мали огледала со кружен облик
Ножици за жица
Цвеќиња и зеленило
Лепило

Прв чекор
Кога ќе ги купувате лампионите за овој проект, одберете ги големите, пластичните топки. Можете да ги најдете во дуќаните со кинески прозводи… Отстранете ја лентата  од горниот дел и самиот пластичен врв. Нема повеќе да ви треба овој дел за овој проект, но можете да го зачувате како резервна замена за друга декорација.

Со ножици исчете го горниот дел од лампионот, од кој сте го извадиле пластичниот врв.Со помош на бушилица проширете и усогласете ја дупката што постои на врвот од лампионот. Работете внимателно и бавно, бидејќи овие декорации иако се пластични можат да напукнат под силен притисок. Ова никако не се  обидувајте со стаклени лампиони.
Залепете ги лампионите за огледалата со лепак за пластика. Можете исто така да користите пиштол со лепак.
Откако ќе се исуши лепилото, исечете ги гранките од цвеќето, поставете ги во внатрешноста и аранжирајте по желба. Можете да користите цветни и зимзелени гранчиња, изборот е целосно оставен на вас.

Бидејќи ова се пластични украси, можете да истурете вода во нив, така што вашите декоративни аранжмани ќе траат повеќе денови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Следна објаваСовршен фустан за новогодишната ноќ од ZARA!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР