Поголемиот дел од денот, а потоа и од животот, го минуваме работејќи. Мора ли тоа да ни паѓа тешко? Можеме ли да уживаме во работната недела? Кога ни недостига мотивацијата, да ја побараме!

Кога работните услови се идеални, работата е предизвик. Тие ни помагаат да откриеме нешто ново и да учиме работејќи. Треба да бидеме горди на тоа што го работиме и би било убаво кога и претпоставените би го ценеле и признале. Почитувањето на нашите идеи е добро за самодовербата. Оттаму и работодавачот има корист, бидејќи во исто време чувствуваме поголема обврска кон работата. Автономноста и одговорноста во процесот на одлучување, се пожелни. Како и од време на време, можност да се изрази креативноста и да се направи работата забавна. Кога ние сме задоволни од работата што ја работиме и нашата животна средина и семејство се среќни.

Што кога се не е така идеално? Ајде да се обидеме да го најдеме решението од  ден по ден. Кога ќе снема мотивација, да ја побараме. Да се радуваме на кафето со колегите на работа. Да подготвиме салата за ручек и ја поделиме со колешката. Да одиме во текот на паузите до пазарот и купиме овошје. Да се почестиме себе си со чоколадо, сладолед, торта, кога ќе направиме нешто добро. Или кога ни е тешко. Или кога сме среќни, зошто да не?

Клучот е организирање на времето

По викендот, не е секогаш лесно враќањето на работа. Но, ако во петок направиме план на активности за следната недела,  би можело да биде многу полесно. Клучот е во добро организирање, на времето и задачите. Не е добро да се оди на работа, не знаејќи барем приближно, што ќе работиме утре или в понеделник.

Во принцип, ако работата ни дозволува, да направиме барем приближно месечен распоред – план на главните задачи за наредните 30 дена. После тоа ќе биде корисно ако се распоредат неделните задачи, ако е можно, од ден на ден.  Да го следиме распоредот и да не ја одлагаме работа за во петок, само затоа што не ни се допаѓа или е тешка. Секоја задача која ќе ја завршиме, ја обележуваме со некоја боја или едноставно – пречкртувам.

Можеби се чини неважно, а можеби и уживаме во нашиот креативен хаос, но од време на време, зошто да не, и во петок, треба да ја средиме работнта маса. Ако сте затрупани со работа,  не мора да бидете и буквално.

Од понеделник до петок

Со планот направен во петокот, решен е дел од понеделникот.  Се разбира, под услов кога работата не е толку динамична и кога ситуацијата не се менува од час во час. Ако се менува, планот е дека не постои план. Ако некогаш се смени, нема потреба од очај.

Обврските што ги запишавме, секако треба да се испонат, ако не во понеделникот, во вторникот. Вториот работен ден, бара малку поголема работна брзина. Вчерашната незавршена работа, започнете веднаш да ја решите.

Во средината на работната недела, сите работат со полна пареа. Недоразбирањата кои поради зголемување на работниот ритам може да се случат, треба веднаш да се решат, за да не се станат проблем.

Како се приближува крајот на работната недела, телото почнува да го чувствува напорот на кој бил изложен. Бидејќи допрва треба да се издржат следните два дена, важно е да се грижиме и за нашето тело. Истегнете се и прошетајте се околу деловната зграда.

Веќе е петок? Одморот е пред нас, идеално време за скицирање на плановите за следната недела.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДобредојде есен!
Следна објаваШарен минимализам во ентериер
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР