Кога станува збор за дизајн на ентериер, стилови и комбинации на стилови има навистина многу: скандинавски, минималистички, урбани, традиционални, класика, модерно и други и токму кога мислите дека сте ги совладале и разбарале сите, се појавува нов, зар не?
Така настанал шарениот минимализам, кој од минимализмот ги превземал едноставните форми и скандинавскиот стил на уредување на ентериер кој секогаш изгледа свежо и ведро, но му е додаден мебел или детали во светли бои како кобалт сина, зелени смарагд или светло-црвени. Шарениот минимализам сè уште се темели на едноставни и природни тонови и изгледа свежо и отворено, но не двоумете се и на неговата едноставна бела основа додадете предемети во светли бои што ги сакате и сигурно нема да погрешите. Ви претставуваме токму такви ентериери кое ќе ве поттикнат и инспирираат. Уживајте!