Секој треба да има свои желби и соништа, работи кои потајно ќе ги посакува и се бори за нив. Но зарем е фер некој да сонува за топол кревет, покрив над глава или парче леб?

21

Skid Robot е анониман уличен уметник од Лос Анџелес кој како што вели преку своите дела го свртува вниманието кон екстремната сиромаштија и луѓето на кои им е потребна помош од општеството. Со своите последни дела тој вниманието го свртува кон бездомниците цртајќи ги нивните соништа; кој посакал кревет, целосен дом, пари или парче леб – тој го слика тоа со цел тоа да биде видливо за оние кои треба да се погрижат да им го овозможат.

При креирањето на овие замислени простори, Skid се спријателува со бездомниците, ги дознава нивните потреби, желби и соништа, притоа освен што ги црта истите тој им дава пари и храна. Тој ги споделува своите дела на Instagram со цел да го промени начинот на кој повеќето луѓе гледаат на бездомниците, да ги раскаже нивните приказни и да придонесе кон зголемување на свеста за постоење на луѓе чие соништа се основните потреби за живот. Своите фотографии ги поврзува секогаш со хаштаговите „помогни им на сиромашните“ и „нахрани ги гладните“.

Секој бездомник има своја приказна како завршил на улицата. Skid е потресен од нивните зборови, од нивната немоќност да си помогнат самите на себе и од нивните скромни соништа. Нема да ги опишуваме приказните и соништата на бездомниците бидејќи фотографиите зборуваат доволно за сами да заклучите што посакуваат.

28

27

26

25

24

23

22

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Бордо момент’’ од Ралф Лорен
Следна објаваОгромно „чудовиште“ во Будимпешта
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР