Интензивната боја на виното, бургунди нијансите и елегантната црна ја сочинуваат страсната палета на бои која ја истакна познатата модна куќа Ralph Lauren во колекцијата ,,Bordeaux Moment’’ за престојната сезона.

0

Женската колекција ,,Bordeaux Moment’’ (,,Бордо Момент’’) за сезоната есен/зима 2014/2015 понуди заводливи чанти, чевли, очила и други модни додатоци во енергичните тонови на виното, за моќен и дамски секојдневен изглед во текот на студеното време. Безвремената линија на облека ги оживува ,,ин’’ нијансите на сезоната, а изработена е од луксузни материјали, со современ процес на обработка од креативните производители. Претставува префинети креации, убедливи дизајни и најсовремени стилови: гламурозни мото јакни, плетени џемпери, свиленкасти кошули, кадифени блејзери, тесни панталони и многу интригантни парчиња, дефинирани со модерна, мека и женствена силуета. Одберете го омиленото парче!

2

3

4

11

7

10

8

6

9

5

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДомот според хороскопскиот знак
Следна објаваЗа што сонуваат бездомниците? | Skid Robot
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ