Постојано сме сведоци на уништувањето на нашата животна околина. Отпадот секојдневно масовно се зголемува, додека се создаваат се повеќе и повеќе депонии. Дали ние можеме да направиме нешто во врска со овој проблем?

Секакако дека можеме, и тоа со постојано рециклирање. Постојат многу креативни начини да се рециклираат веќе неупотребливите предмети, треба само малку работа и многу идеи. Погледнете што се може да се направи со малку креативност…

Стар, неупотреблив велосипед? Сите имаме барем по еден таков. На него поставете една даска, која ќе го придржува лавабото во тоалетот, додека во кошницата може да се стават крпи, или пак козметика.

1

Старата валкана дрвена скала може да и даде автентичен изглед на дневната соба. Само зацврстете ја на ѕидот и наредете ги омилените романи и енциклопедии…2

Во случај да немате доволно простор за Вашата облека во орманот, ова е совршено решение. Само закачете едно дрвено столче на ѕидот и покрај орман, добивате и складиште за предмети кои ретко ги употребувате.
3

Неколку неупотребливи кабли? Нема проблем. Само ставете ги како коса на постер од Боб Марли. Совршено за реге фановите.

4

Старите дискови можете да ги исечете и да ги залепите на некоја стара чинија за овошје. Резултатот е фантастичен.5

Ви недостига ламба во домот? Погледнете ги фотографиите. Ќе се изненадите што може пакување со пластични лажици да направи…

6

7

8

Едно старо пијано дава автентичен изглед доколку се направи библиотека од него…

9

Ова е совршено решение за автомобилските гуми. Плус тоа, се добива фантастична табуретка :)

10

11

12

13

Старите рендиња сепак не мора да се фрлат…

14

Детските тениски ракети се совршени за собни огледала.

15

Старото гребло може да послужи и како држач на вински чаши.

16

Уште една библиотека од стара скала… ;)

17

Еден стар брод е совршен за удобна лулашка…

18

Старата гитара може да се искористи како складиште на спомени од тинејџерските години.

19

Старомодните железни инки можете да ги искоритите како свеќници…

20

Старите вилушки можат да послужат како закачалки…

21

И најдоброто за крај, фонтана направена во пијано…

22

Дали имате Вие некоја идеја која би сакале да ја сподените со нас? :)

P.S. Нека ни е среќен Денот на Планетата… ;)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНово руво | ROADS Publishing Classics
Следна објаваGoogle честитка | Роденден на Шарлот Бронте
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ