Денешниот избор за фотографија на денот е ,,Environmental Survivor” од Филис Ајруш. Таа ја објаснува својата фотографија преку три целини: цветот кој ја претставува самата сила и издржливост на природата, ѓубрето како последица на постапките од неразумниот човек, и водата, со која цветот се полева, ги симболизира спасот и заштитата. Со ова дело, Ајруш беше единствената од Македонија која во 2013 година освои златен медал во категоријата АРТ – фотографија, на интернационалниот средношколки натпревар GENIUS Olympiad, во Њујорк, САД.