Откако книжевниот свет колективно тагуваше поради смртта на големиот Маркез пред неколку дена, вчера Google преку Doodle го празнуваше денот на раѓање на Шарлот Бронте, најстарата од познатите сестри Бронте. Англиски романсиер, поет и автор на „Џејн Ер“, кој вчера беше насликан на британскиот Google.

Првично објавен како „Џејн Ер: автобиографија во 1847 година“, потпишана со Currer Bell – оваа книга е приказната на главниот лик Џејн, извонредно дете-сираче кое расте покрај својата сурова, богата тетка Рид. Книгата ја следи Џејн од училиште до полнолетство, каде што таа запознава мистериозен, страстен човек со име Рочестер, во кој младата Џејн се вљубува. Двајцата носат одлука да се венчаат, кога Џејн открива дека Рочестер веќе има сопруга – лудата Берта Мејсон. Џејн бега од новонастанатата ситуација, но повторно се враќа во прегратките на саканиот откако неговата сопруга ќе ја запали нивната куќа и ќе се самоубие при истиот чин. Романот има широко влијание врз јавноста и е адаптиран низ многу сценски настапи, независно дали се работи за театар или ТВ. Останува да важи за еден од најпопуларните британски романи, додека вчерашниот Google Doodle ја покажува локацијата каде што Џејн бега по неуспешниот обид за брак.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Креативно рециклирај
Следна објаваПрошетка по виножитото | Arthur Casas
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ