Книги во дневна, спална, работна соба… книги во кујна. Книги во часовник, книги во телефон… но, набројувањето не запира тука, затоа што проектот Book Flower Pot ги надминува гореспоменатите примери. Првично замислен како совршена комбинација за читателките-домаќинки, проектот успева да се прошири низ домовите во САД како заразен и неопходен дел од домот. Сместување на Вашето омилено цвеќе дома, преку незабележливо присуство на истото? Направен од PMMA и PVC водоопорен материјал, завиткан во корица на книга со соодветен наслов – „The Life of Plants“, Вашите цвеќиња може да живеат покрај Вашите книги во еден смирувачки баланс.

1

2

3

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПоглед кон светот
Следна објаваСтрана во животот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР