Пост-празничниот период не мора да означува дека секој повод за забава е веќе потрошен – баш напрoтив, затоа што креативните хипотетички идеи за книжевни забави се во центарот на вниманието денес! Измешани со коктел или два, инспирирани од Шекпир или Фицџералд: овој креативен експеримент служи да Ве поттикне да ги создадете најдобрите маски, декори и цитати. Ние избравме 5 примери кои ќе ја разбудат Вашата имагинација.

1

Големиот Гетсби

Да се рекреира една од легендарните саботни трески кај Џеј Гетсби, без да биде потребно да ги поканите Вашите пријатели во замок на Лонг Ајленд – потребно е да го исполните просторот со екстазен џез, бисери и пердуви. И многу, многу танцување! Дрес-кодот се движи во 20тите години на минатиот век, за кој се надеваме дека нема до полноќ да биде натопен во базенот.

2

Алиса во Земјата на чудата

Секој сака добра забава со чај, но луда забава со чај е уште подобра! Светло обоена со различни големини на мебел и шолји, атмосферата треба да биде дополнета со многу часовници и слатки кои дошепнуваат „изеди ме“ или во крајна линија „голтни ме во истиот миг.“. Гостите се охрабруваат да комбинираат модели и бои по желба, со предупредување дека секој апсурден разговор е повеќе од добредојден.

3

Илјада и една ноќ

Очигледно, ова може да Ви звучи како здодевна забава исполнета со многу приказни, бидејќи тоа е условот за гостите: секој еден од нив треба да донесе една волшебна приказна наместо шише вино. Потоа, се прави круг на подот, се раскажуваат приказни се’ додека не се раздени – со подавање на наргилето и виното.

4

Мајсторот и Маргарита

Да се создаде вечерата на Ѓаволот не се однесува на организатори со слабо срце – за целта на оваа забава, гостите треба да се облечат во најлошата инкарнација од себе, или ако самите сакаат, во најлошата инкарнација од некој друг. И самите треба да одлучат колку од нивниот вистински карактер ќе откријат во самата маска. Магичните ефекти ќе бидат задоволени ако со Вас понесете црна мачка како детаљ на Вашиот целосен изглед. Ви предлагаме оваа вечер да пиете вотка, но, не да ја мешате со оружје.

5

Сон на летната ноќ

Подобро ќе биде сите да се поздрават штом стигнат, бидејќи ниту еден од гостите на оваа забава не треба да си замине дома со личноста која ги придружувала кога дошле. Декорот е очигледен – магична шума, многу цвеќиња и свеќи, расфрлани ливчиња и импровизиран венец на лоши одлуки. Гостите ќе пијат медлика, додека машкиот дел од истите може да носи пар магарешки уши.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНасликани мечти | Kari-Lise Alexander
Следна објаваКреативно и иновативно пакување
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР