„Евридика“ е претстава во изведба на Драмски театар – Скопје, работена по истоимениот текст на американската авторка Сара Рул, а со режисерски потпис на младата Нина Николиќ.

,,Претставата е ново и поинакво видување на митот за најголемата љубов на светот и на тој начин поставува круцијални прашања за љубовта, времето, животот и смртта. Рул во оваа приказна многу лесно нe води низ спиралниот пат на бескрајното преплетување на нашите животи, нашите сеќавања и љубовта која ниту една смрт не може да ја убие. Оваа драма нe потсетува на влијанието кое го имаат на нас луѓето со кои сме оствариле каков и да било контакт, на влијанијата кои ние ги имаме на туѓите животи, на нашите сеќавања, на свесната и несвесната меморија и на тоа дека човекот не може да заборави. Сеќавањата се запишани некаде длабоко во човечката душа и сето она што нe допрело, останува со нас до крајот на времето” – се вели во критиката на претставата.

2

Актерската екипа ја сочинуваат: Маја Вељковиќ – Пановска (Евридика), Диме Илиев (таткото на Евридика), Игор Ангелов (Орфеј), Филип Трајковиќ (Господарот на подземјето), Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Трајанка Илиева Таци, Нина Деан, Соња Стамболџиоска и Софија Куновска (Хор од камења).

Костимите ги изработи Ивана Каранфиловска, сценографијата е на Константин Трпеноски, кореографијата ја подготви Нина Деан, а музиката е дело на Александар Пејовски и Тина Трпкоска.

Претставата ,,Евридика’’ имате можност да ја погледете вечерва со почеток во 20 часот на сцената на Драмски театар – Скопје.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВолшебната Австрија
Следна објаваНаправи сам | Сепаратор за книги
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР