Ако ја посетите, сте виделе се’ што требало да видите и сте биле секаде каде сте требале да бидете. Австрија – волшебната земја со раскошна природна убавина, неисцрпна култура за истражување, долговековна традиција за доживување и земја во која живее сегашноста на начин на кој никој не може да и одолее. Австрија е дестинација со богата историја, туристички локалитети и магични места кои освојуваат со убавината, автентичните обичаи и нештата кои само таму може да се искусат. Заедно со соседната Швајцарија, важи за престолнина на зимските спортови во Европа, но тоа не значи дека нема што да им понуди на светските патници во секое доба од годината. Напротив, старите градови со импресивна архитектура и малите бајковити селца со идилични пејзажи и цветни куќички, заедно со чудесните панорамски глетки на Алпите, се ретко примамлива понуда која ретко кого би го оставила рамнодушен, па дури и оние најпребирливите. Аристократската Виена, лулката на музиката и уметноста, е метропола со безвременска убавина, во која неодоливо се спојуваат многубројните стари градби, музеи и дворци кои гордо сведочат за минатото, со космополитскиот дух и модерниот ритам во кој денес пулсира градот на синиот Дунав, препознатлив по убавите кафулиња и слаткарници. Романтичниот Салцбург, пак, го открива магичниот шарм на средновековните австриски барокни гратчиња, вешто негувајќи го култот кон неговиот најпрославен жител – големиот Моцарт. Глетки како од разгледница на секој чекор, за кои ниту еден збор не е достоен да ја опише нивната привлечност. Тука се и прекрасните Хајделберг и Халштат, но и сите останати помали австриски градови и живописните селца, кои заедно со монденските ски-центри на Алпите канат на едно сосема поразлично уживање во земјата со безброј можности, задолжително за сите вљубеници во шареноликоста на Австрија. Почувствувајте ја магијата на Австрија од поинаква перспектива, и со сите нејзини бои!