8Становите сместени на поткровје се секогаш интересни и инспиративни, како поради уникатната атмосфера која ја креираат, така и поради убавите начини на кои може да се уреди ентериерот во овие станбени простори, надминувајќи го лимитираниот простор поради спуштените тавани. Токму во тоа и лежи убавината, и иако голем број луѓе ги избегнуваат, тие умеат да бидат многу удобни и топли, токму поради смалениот простор. Oвојпат, ви претставуваме едно навистина посебно елегантно издание. Станот е сместен во стара, но убаво стилизирана зграда од 1938-та година, која неколку пати е темелно реновирана. Не е претерано голем, со површина од 85 метри квадратни, но изгледа фантастично, со паметно, стилско и функционално оспособување на секој простор. Исполнет е со природна светлина која влегува преку големиот број прозорци, а за севкупниот светол впечаток придонесува и изборот на белата боја за ѕидовите. Темните дрвени подови идеално се вклопуваат во овој животен простор, надополнети со едноставен и функционален мебел, како и минималистички декор, без претерување со детали кои дополнително би го стесниле просторот. Најголемиот дел од парчињата мебел се модерни и со современа линија, а може да се забележи и ненаметлива, умерена винтиџ нота само кај одредени детали. Шемата на бои, пак, се сведува на елегантна комбинација на бело, црно и сиво, со акценти во нежни пастелни тонови и сребрен сјај. Од пространата дневна соба се пристапува до кокетната тераса, шармантно декорирана за пријатни мигови и уживање под отворено небо.

5

7

4

9

13

14

15

2

10

1

3

6

16

18

19

20

21

22

23

24

26

12

28

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо едно време…
Следна објаваВолшебната Австрија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ