Дали се сеќавате на дооолгите разговори по фиксен телефон, во една далечна ера пред смартфоните да не направат целосно зависни од нив самите? Дали Ви недостига ретро-изгледот на старите телефонски уреди? Убедени сме дека поседувате еден од нив во Вашиот дом: денешниот Направи сам проект е посветен токму на искористување на старата слушалка како уникатен сепаратор на книги!

1

Потребно Ви е:
– 2 стари телефони
– 2 тенки метални плочки
– 2 големи штрафа
– металик спреј
– бурмашина

2

Иако делува комплицирано, чекорите се доста едноставни: 1. отстранете им ги жиците на телефоните. 2. Направете дупка во металната плочка (која отприлика треба да е во кореспондентна величина со слушалката). 3. Поставете го штрафот во дупката која штотуку ја направивте. 4. Со спрејот испрскајте ја плочката, наш совет е да направите 2 слоја и да почекате истата да се исуши. 5. Откако ќе се исуши, поставете ја слушалката под агол од 90 степени и прицврстете ја врз плочката со штрафот. Истата постапка повторете ја и со другата слушалка.

3

4

5

6

Вашите уникатни сепаратори за книги се подготвени да придонесат за ретро духот во Вашата лична библиотека. Доколку успеете да го изведете овој проект, споделете го со нас!

7

8

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Евридика’’ | Митот за најголемата љубов на светот
Следна објаваМагична природа | Barbara Florczyk
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР