Среќен роденден, Стивен Кинг – роден на 21 септември, 1947, во книжевната јавност познат како кралот (не само според синхронизација на неговото презиме со најмоќната именка) на американскиот хорор, неизвесност, научна фантастика и фантазија. Со бројка од 350 милиони продадени копии на неговите книги кои подоцна се адаптирани во голем број играни филмови, серии и стрипови. 50 романи со негов потпис (меѓу кои дел потпишани со псевдоним Ричард Бакман), 5 нефиктивни книги и преку 200 кратки раскази, г-дин Кинг има добиено многу книжевни награди, вклучувајќи ја и Grand Master Award од страна на Mystery Writers of America. Во негова чест, денес празнуваме со неговите 12 цитати посветени на пишувањето:

1.

  1. Аматерите седат и чекаат на инспирација, додека остатокот од нас само продолжуваат напред со главата горе.
  2. Писателот мора да има добра имагинација за да започне да пишува, но истата мора да биде мускулеста, дисциплинирана и извежбана – од ден на ден, со пишување, потфрлање, успевање и ревидирање.
  3. Книгите се уникатна преносна магија.
  4. Кога Вашата приказна е подготвена за преработка, тогаш е потготвена за кратење – ослободување од вишокот масти, намалување и ревидирање на истата кон голотија која се поистоветува со убивање на деца, но истото мора да биде направено.
  5. Верувам дека патот кон пеколот е поплочен со прилози, но јас би ги стрелал од покривот. Ако ги гледате проблемите од друга перспектива, ќе Ви изгледаат како глуварчиња.
  6. Ако имате една идеја во умот, тогаш ќе мислите дека е прекрасна и уникатна… ако не успеете да реализирате, ќе ја имате и утредента. И во наредните 50 дена! И тогаш, целиот ум ќе Ви биде покриен со глуварчиња без да увидите дека се работи само за плевел…
  7. Најлош совет? „Не слушајте ги критичарите.“ Мислам дека навистина треба да ги послушате критичарите, бидејќи понекогаш тие се единствените кои ќе Ви кажат што не е во ред и како може да го поправите истото.
  8. Пишувајте со затворена врата, преработувајте со отворена.
  9. Ако сакате да бидете писател, мора да направите две работи: да читате многу и да пишувате многу. Не постои друг начин кој ќе Ве однесе до целта, нема краток пат, барем јас не сум запознаен со таков.
  10. Може да му пријдете на чинот на пишување со нервоза, возбуда, надеж или очај… одберете било кој од нив, но со леснотија.
  11. Ако имате намера да напишете точност, на начинот на кој што размислувате. тогаш Вашите денови како љубезен член на општеството се избројани.
  12. Оптимизмот е совршено легитимна реакција на неуспехот.
  13. Кога еднаш ме прашаа „како да пишувам?“, искрено одговорив – „еден збор во еден момент…“.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрстен-часовник
Следна објаваВолшебниот свет на малите работи | Yann Pendaries
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР