„Книгите ја транспортираа во нови светови и ја запознаваа со неверојатни луѓе кои живееле возбудлив живот. Таа замина на крстарење со Џозеф Конрад. Таа отиде во Африка со Ернест Хемингвеј и ја посети Индија со Радјард Киплинг. Таа всушност, го виде целиот свет додека седеше во својот мал простор во англиското село.“

1

Безвременска приказна која ги допира срцата на сите генерации е несомнено, визијата на Роалд Дал за едно симпатично и интелигентно девојче со име Матилда – преку цела приказна, куси извадоци или цитати, евидентно е дека малата паметна Матилда ужива да учи, да реагира како возрасна без да ја загуби детската невиност и воедно, да биде пример за воспитано дете. Но, и покрај сите позитивни критики, постојат 5 работи кои Barnes&Nobles ги издвојуваат како изненадувачки и површни:

1. Општествени недоречености.
„Матилда“ се случува надвор од рамките на овој свет. Приказната говори за едно елегантно ниво на социјална благодет во сите разговори на девојче во средината на свои 20ти години, иако Матилда има само пет. Таа е психолог во нејзината градинка, делејќи совети и мудрости дури и на нејзината учителка…

2. Омраза кон родителите.
Книгата ни дава увид во видот на луѓе кои не му се допаѓаат на авторот – Дал ги одбегнува грдите, дебелите, вештачките луѓе кои мразат книги и уживаат во каучот пред телевизорот. Всушност, така го опишува Wormwoods, семејството на Матилда. Сиот тој презир се забележува преку девојчето, кое едноставно и детски го интерпретира она што го гледа. И мама и тато ја игнорираат својата ќеркичка, па како тука би се родила взамна љубов и почит, прашува Дал?

3. Обраќања исклучиво по име.
И сите имиња се неверојатни! „Малоумен плевел“ или „Празноглавен хрчак“ се мал дел од термините на комедичниот автор кој своевремено бил хит комичар на Comedy Central Roasts. Дал е имено Британец, па оттука е и оправданоста на британскиот хумор.

4. Несоодветен страв за годините.
Пред 20 години, кога „Матилда“ беше вистински хит, освежување во детската литература која повлече низа дебати – генерално беше согласно дека овој роман е способен да Ви предизвика кошмари. Машини за тортура кои кубат коси или дават се прилично неприладни за основно образование.

5. Неочекуван крај на приказната.
… магијата завршува неверојатно брзо. Матилда воодушевува со неколку умствени трикови и шеги, но тоа се одвива претерано брзо. И тоа е тоа, готово: самиот крај на книгата се случува неочекувано и кратко… таа ги напушта своите родители и заминува да живее со Miss Honey. Ова е возбудлив развој на настаните, но не и крај. Господине Дал, зарем не мислите дека читателите заслужуваат продолжение на приказната? Точно е дека книгите за деца не поттикнуваат вакви прашања, но авторот реално треба да ги одговори истите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Љубовта не може да се скрие
Следна објаваДецата учат од Вас!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР