Секој страствен читател знае дека вистинските пријателства се неминовни во книгите. Некои луѓе сметаат дека ги нашле сопствените преку љубовта кон книгите, додека некои мислат дека нивните најдобри пријатели, се всушност, книгите. А понекогаш, луѓето кои се чувствуваат осамено се инспирирани да ги отворат своите срца за пријателство преку пријателството кое го прочитале во книгите. Денешната тема е во чест на најдобрите пријатели, каде ќе се обидеме да издвоиме 10 од нив, затекнати во литературата.

1. Келвин и Хобс

1

Овие два лика во стриповите на Бил Вотерсон се крајни најдобри пријатели – спротивни на многу начини, но секогаш присутни еден за друг… да уживаат во добрите времиња, да си помогнат во маката. Да го направат стравот помалку страшен. А оние кои велат дека Хобс е имагинарен, се анимира моментот кога Келвин верува во него, затоа што точно е дека се чувствуваме највеќе живи кога нашиот најдобар пријател верува во нас!

2. Фродо и Сем

2

Без овие две храбри и несебични души на Толкин, „Господарот на прстените“ одамна би ја изгубил Middle Earth. Фродо и Сем ни укажуваат на значењето на жртвата во едно пријателство – да се биде најдобар пријател, не значи само заедништво во забава и смеа, туку означува потреба да се биде заедно кога мракот ќе настапи. А понекогаш, тој мрак всушност, може да биде судбината на светот која виси на конец.

3. Петар Пан и Тинкрбел

3
Џ.М. Бери создаде едно уникатно машко-женско пријателство со неограничен век на траење. Борба, исмевање, љубомора… но кога станува збор за опасност, и обајцата се подготвени да умрат еден за друг! Нашите најдобри пријатели не се секогаш совршени, понекогаш се случува да не излудат со својот карактер и навики, но на крајот од денот – карактерот и навиките се она нешто поради кое највеќе ги сакаме.

4. Дороти и Тото

4
„Волшебникот од Оз“ со потпис на Л.Ф. Баум третира едно поинакво пријателство: авторот ни покажува дека понекогаш, миленичето на еден човек е негов вистински најдобар пријател. Како Тото на Дороти! Во тешките времиња во нашиот живот, кога нашите човечки пријатели ќе се случи да не изневерат – премногу често се потпираме на нашите животински пријатели, кои несебично ќе не примат за удобност и утеха.

5. Пу и Пиглет

5
А.А. Милн знаел што прави кога споил мече и прасенце – за секој ветер, заминување, забрана, екстроверност… тука секогаш е срамежливиот, внимателен, чувствителен, интровертен најдобар пријател за да постави баланс во нивниот однос.

6. Климентина и Вилбур

6
Кој може да ја прочита „Пајажината на Климентина“ без да почувствува дека книгата го третира вистинското пријателство? Е.Б. Вајт пишува за Климентина (Charlotte) која од петни жили се труди да го спаси животот на Вилбур без причина! Освен ако тука не станува збор за несебична љубов и добрина. Додека Вилбур се восхитува на нејзината интелигенција, таа го обожава неговиот ентузијазам и невиност. Солидна основа за било кое вистинско пријателство.

7. Шерлок Холмс и Џон Вотсон

7
Сер Артур Конан Долј не само што создаде неверојатен детективски роман, туку создаде и еден совршено избалансиран пар пријатели каде е невозможно едниот да постои без другиот. Холмс и Вотсон се надополнуваат на мал милион начини за на крајот да создадат една перфектна целина.

8. Том Соер и Хаклбери Фин

8
Овие две паметни момчиња на Марк Твен се погодни за спарување иако не ја исполнуваат традиционалната дефиниција на најдобрите пријатели – но во суштина, на крајот се’ се сведува на тоа дека и не постојат насоки, упатства и рецепти за вистинско пријателство. Понекогаш во нашите животи ќе сретнеме човек кој е тука за специфична цел во специфично време, а без кој целиот наш живот би се усмерил во сосема поинаква насока. Том и Хак се пример за ова.

9. Рет и Мол

9
Главните ликови на Кенет Греам имаат вид на пријателство на кое повеќето мислат штом се спомне истиот термин. Еден стаорец и еден крт имаат заеднички авантури, се учат меѓусебно да го видат светот на на нови начини, како едноставен пример на лесно и интересно пријателство на два лика кои уживаат во друштво на другиот.

10. Хари, Рон и Хермиона

10
Најдобрите пријатели не секогаш означуваат пар: понекогаш најдоброто пријателство е составено од три краци, три различни личности како што се Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гринџер на Џ.К. Роулинг. И ништо не го докажува ова подобро кога тие имаат иста цел – со различни таленти да влезат во Одајата на тајните, да си помогнат во неволја, да се смеат, да плачат… да чуваат тајни, да се забавуваат и на крајот, да го спасат светот. Заедно!

Кое од овие литературни пријателства најдобро го опишува односот кој го имате со Вашиот најдобар пријател? И дали се сетивте на некое пријателство со кое би ја надополниле оваа листа? Споделете со нас во коментар и негувајте го Вашето лично, најдобро пријателство!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренди торбички | Out of print
Следна објаваПознати „мамини синчиња“
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР