Фридрих Ниче, сопственик на машината за пишување во облик на топка од 1878 година, како нејзин најистакнат сопственик; во 1881 година кога тој беше речиси слеп, тој посакал да поседува машина којашто ќе му овозможи да продолжи да пишува дури и без сопствениот вид. Како допир кој инспирира, машините за пишување отсекогаш важеле за верни придружници на еминентните писатели. Од писмата на неговата сестра, јасно е дека Ниче бил во контакт со изумителот на овој модел на машина – т.е со господин Malling-Hansen од Копенхаген. Ниче добива потврден одговор за машината во 1882 година, добивајќи го најновиот модел со сериски број 125 како и неколку скрипти за употреба. Покрај првичната причина за избор на овој модел, се смета дека Ниче го избрал истиот поради неговата лесна тежина и лесна носливост. Со други зборови, оваа машина била лап топ на своето време.

2

За жал, Ниче никогаш во целост не бил задоволен од купувањето на оваа машина и никогаш не го совладал нејзиниот концепт на употреба – покрај многуте теории за оправдување на авторот, следува следното: Топката за пишување беше иструмент создаден од човечка рака, опремен со сите карактеристики кои што ги претпоставува една машина за пишување. Но, зошто Ниче никогаш не успеал да ја претвори во сопствен инструмент?

За оние кои што се заинтересирани за деталите кои го поврзуваат Ниче со оваа машина, постои истражување на Dieter Eberwein, потпретседател на International Rasmus Malling-Hansen Society, сместено во книга под наслов “Nietzches Schreibkigel” каде се раскажува една вистинска приказна за топката за пишување врз основа на темелна истрага и реставрација на оштетената машина.

1

Денес, модерните остварувања на концептот на топка за пишување се инкорпорирани во листите на најбараните машини во печатарската индустрија, каде што голем број на колекционери го препознаа квалитетот на автентичниот преставник на истите, едногласно согласувајќи се дека е крајно импресивен.

4

Едно од најретките авторски редови на Ниче, напишани на топката за пишување:

„Пишувањето на топка е нешто навистина тешко за мене,
уште покомплицирано за време на патувањата.
Трпение и тактичност се неопходни во изобилие,
како и вешти прсти за употреба.“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Перниче со љубов
Следна објаваПовеќе од девојка | Jamie Moore
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР