Талентиран библиофил, но не според типична дефиниција – Ebon Heath е господар на зборовите од дизајнерски аспект, бидејќи создава скулптури од зборови, зборови кои страгнираат на лист хартија. Живее и работи на релација Бруклин – Берлин, а имено, докажан е во полето на вајарството и фотографијата бидејќи е дипломиран графички дизајнер. Неговите типографски скулптури се магична трансформација на пишаниот збор во она што тој го нарекува „новиот јазик на физичкиот вид“.

0

Тој ги ослободува буквите од отпечатената страница и им дава тродимензионален облик со кој набљудувачите на истиот може да комуницираат. За да го развие секое парче, Heath ги зема концептите на типографија и ги комбинира со говорот на телото, создавајќи уметнички дела во кои телесниот облик на буквите постои во истиот простор.

Неговите намери се да создаде визуелно искуство за набљудувачот каде типографијата и природните движења се преплетуваат за да ја раскажат истата експесивна приказна. Иако тој е креатор на концептот, сепак ремек-делото не завршува тука: Heath зависи од тим на соработници за да ја доведе во живот оваа визија, вклучувајќи кореографи и танчери преку кои се идентификуваат природните движења на телото.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

„Мојата визија е нашата типографија да скокне, да крикне… да шепоти, да танцува – наспроти својата мртва хибернација, да заживее без грижа за својата сложена убавина на форма, функција и значење.“

– Ebon Heath

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДигитално создавање на чудовишта
Следна објаваМашки тренд | Тенка јакна
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР