Изненадувачки брза и забавна за читање поради заплетот кој е сконцентиран на фантазирање околу прашањето што ако Касандра, сестрата на Џејн Остин зачувала повеќе писма на сестра си отколку што знаеме? Што ако истите тие писма се скриени далеку од гладните очи на јавноста? Иако за момент насловот имплицира мислење дека ова е само уште една чик-лит која ќе Ве замори, одговорот на изненадување е гарантиран со самото завршување на романот.

Овој став го држи професорката по англиски јазик, имено верен обожавател на Остин, а воедно и истражувач на нејзиниот живот и дело, Ема Грант. Особено верна на планот кој се состои од доверлив брак, респектабилна професија и планови за идните две деца (односно, планот кој нејзиниот татко вешто и го всадил во умот); ненадејно го затекнува сопругот во чин на неверство, при што сите нејзини а ла Остин соништа паѓаат во вода. Нејзината академска репутација започнува да се тетрави кога нејзиниот сопруг и неговиот асистент ќе ја обвинат за плагијат – свежо разведена и ослободена од секаков сомнеж, д-р. Грант патува за Лондон за да ја следи трагата на исчезнатите писма, изворно напишани од Џејн Остин. Во Лондон се запознава со г-ѓа Гвендолин Парот, сериозно посветена на истата цел, овозможувајќи и на Ема да чита копии од писмата…Ема веднаш го препознава ракописот на Остин и (навидум) автентичноста на фрагментот! Поради овој (не)очекуван факт, Ема продолжува со мисија да ги посети сите места во кои Остин ги посетувала или престојувала, ги препрочитува нејзините дела меѓу кои и култната „Гордост и предрасуди“ со мотив сето тоа да го стационира во нова книга која ќе и го спаси угледот. Брканици и адреналин кои единствено може да се поистоветат со „Кодот на Да Винчи“, но овој пат, од сосема различни побуди: лоцирање на букви, следење на скриени траги кои би ја донеле блиску до вистината. Или, блиску до повторната средба со љубовта како поим. Задоволувањето на интелектуалната жед е само изговор со кој Ема се обидува да ја спаси смислата на сопственото постоење…

Додека Ема се наоѓа тет-а-тет со нова дефиниција на среќен крај, таа осознова дека правењето на вистинските чекори во животот воопшто не е детерминирано од очекувањата на другите луѓе. Роман уреден со литературни орнаменти на фантастично измислени писма кои недостасуваат во колекцијата на Џејн Остин, оваа приказна говори за линијата од предавството кон лојалноста, каде отварањето на очите означува сосема нов почеток.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVersace | Женски часовници 2013
Следна објаваПриказни пренесени преку фотографии | Јован Тодоровиќ
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР