„Ниедна драма во телевизиската историја не била толку литературна како „Lost“, со херојскиот протагонист Sawyer кој докажува колку може еден маж да изгледа секси додека чита книга.“– Chauncey Mabe

Под силна препорака и популарност на серијата „Изгубени“, сведоци бевме на едно квалитетно шоу со прекрасни карактери и несекојдневна приказна: како еден преживеаните и изгубените го затекнуваме Џош Холовеј во улогата на проблематичниот Соер, кој меѓу другото, ужива да го поминува своето време во читање. Што е подобро од книга додека си на пуст остров? Очигледно, неколку книги успеаа да ја преживеат авионската несреќа на среќа на Соер, особено олеснувачкиот момент на режија кога тој најде еден пар очила за читање меѓу остатоците. Од книгите кои Соер ги конзумираше, забележавме наслови како Watership Down на Richard Adams, понатаму A Wrinkle in Time, од Madeleine L’Engle, и секако, Of Mice and Men, потпишана од John Steinbeck. Кое е значењето на неговиот избор додека текот на епизодите константно продолжува – во некоја друга прилика. Она што дефинитивно одекнува од галеријата во прилог, е интелектуалната заводливост на еден, така навидум човек-неволја, додека е задлабочен во сферата на своите мисли…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAlexander Khokhlov | Чудна убавина
Следна објаваСонувачот на Louis Lander Deacon
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР