.2.

Класифирајќи се како мрачна приказна, една од оние морбидни и мачни приказни што толку често и незабележливо, речиси таинствено се расплетуваат под тешкото небо на Петербург… во темнината, по тајните сокаци на ограмниот град, среде плашливата еволуција на животот, здодевен и недоветен егоизам, конфликт на интереси., мрзеливост, разврат, скриени злосторства – сето тоа, во срцевината на апсолутниот пекол наречен безмислен и абнормален живот. Суптилна психологија на ликовите и нивните социјални интеракции, како и длабоките филозофски идеи – зар некој би можел истото да го изведе подобро од Достоевски?

Заплетот е врв на сложеноста што се однесува до рoманите на овој великан, со асоцијатив кон Дикенсоновиот модел на размислување. Изграден врз база на сложен детективски роман, читателот го втурнува во свет на морална деградација, трауми од детството, а пред се, невозвратената љубов и непомирливите односи. Поставени во центарот на приказната се млад автор во обид, со соодветна реалситична нарација преку ликот на Иван Петрович; тинејџерка – сирак, Шилер, чија трагедија се поставува како категорија на вечна малолетничка; и расипан аристократ, принцот Валковски: еден вид на цинична реал-политика, кој не само што служи за матична подлога на подоцнежните зли ликови во романите на Достоевски, туку е моќен со своето оригинално присуство во својата автентична приказна. Книгата изобилува со брзина и адреналин, врие со ликовите и настаните креирајќи драматична конфротација помеѓу истите. Низ целата карактеризација на множеството фабули, евидентно доминира љубовта на еден татко кон неговата ќерка, која константно и безгрижно му нанесува само понижувања и навреди, а бездруго по нејзината смрт, му остава едно незгрижено девојче како аманет.

Страшната и длабока агонија како старв од нешто што не би можело да се дефинира, нешто несфатливо во нормалниот тек на настаните, но кое во секој момент може да се материјализира соочувајќи се со ликовите како несомнено ужасна реалност, правeјќи пародија од сите докази на разумот. Овој мистичен страв на намалена рационализација кој Достоевски успешно го минимализира и на крајот совладува, за прв пат го претвора како автор на егзистенцијален ужас.

Ако сакате да бидете почитувани од страна на другите, првенствена работа е да се почитувате себеси – на тој начин, со самопочит ќе ги принудите другите да ве почитуваат.
Во спротивно, би останале понижени и навредени до крајот на Вашите животи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКои фармерки се ИН, а кои АУТ!
Следна објаваСтан за млада двојка [45 м2]
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ