За второто издание на проектот Dior Lady Art, модната куќа Dior најде десет уметници за секој од нив поединечно да ја направи својата верзија на легендарната Lady Dior торба. Една од уметниците коjа учествувала во проектот, Jamilla Okubo, откри дека кога ја добила понудата по е-mail, сметала дека станува збор за шега.“Никогаш не помислив дека од сите брендови, Christian Dior би ме избрал мене за уметничка соработка. Мислам дека тоа е неверојатно “, рече Џамила, која во својата верзија вклучи африкански текстилни модели.

Jamilla Okubo е само една од дизајнерите избрана за овој проект, освен неа учествуваат и Betty Mariani, Lee Bul, John Giorno, Jack Pierson, Hong Hao, Friedrich Kunath, Nassa Leuba, Spencer Sweeney и David Wiseman. Дизајнерите доаѓаат од различни земји, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Кина и Франција.

 

Колекцијата на чанти ќе биде претставена на 30 ноември со коктел во бутикот на Dior  на 57. улица во Њујорк. Цените на торбите се движат од 5.700 долари за мала торба, до 9.700 за средната големина на торбата.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДигитализирана единствената копија на 1000 – годишна книга
Следна објаваЗа светли и едноставни ентериери, најпогодни се тикви во пастелни бои!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР