Портокалови, црвени и црни бои се најчестиот избор на бои за Halloween или Ноќта на вештерките. Трендот кој веќе неколку години е усвоен како забава, е оној кој се поврзува со резбањето и украсување на тикви, а оваа година, конечно, стана минималистички и умерен.

Во светли и едноставни ентериери, пастелните бои на тиквите се најпогодни за целокупната атмосфера.

Обоете ја тиквата во бела или светла нијанса на сива боја. Ќе изгледа привлечно и во исто време ќе создаде есенска атмосфера во вашиот дом. За најдобар впечаток, групирајте неколку тикви од различни големини.

Ако се одлучите да ги обоите во бела боја, додадете црни точки или неколку пати испрскајте ги со натопена четка во црна боја, за да добиете едноставен, но сепак впечатлив ефект.

Тиквите ги сакаме и на нашата трпезариска маса, а посебно, кога се во нашата чинија. Од фини и здрави супи до колачи.

Тиквите можете исто така, да ги користите како интересна декорација на есенската маса. Обоете ги во пастелни и релаксирачки бои.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовите уметнички торби на Dior!
Следна објаваНајскапите “stilleto” сандали на светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР