Под мотото „Вкуси го летото“ Дистрикт бар и ресторан организира Летен фестивал на овошјето кој ќе се одржув секоја сабота од 5-ти до 31-ви август.

Фестивалот е прв од ваков вид организиран кај нас, а истиот ќе се случува на летната тераса на Дистрикт, каде посетителите ќе имаат можност да вкусат најразновидни специјалитети во кои овошјето е главната состојка, но и повеќе видови летни коктели, освежителни пијалаци и десерти.

Свинско филе со кајсии, лосос со портокал или чизкејк со праска, апетисани и маслиново масло? Можеби за некого звучи невообичаено, но гурманите и хедонистите знаат дека за врвен вкус е неопходна добра имагинација. А токму имагинацијата е императивот на мајсторите од Дистрикт бар и ресторан кои својата исклучителна инспирација и експертиза ќе ја преточат во уникатно летно мени, специјално направено да ги задоволи сите вкусови.

На Летниот фестивал на овошјето нема да бидат запоставени ниту најмалите, за кои ќе се понуди креативно детско мени, неодоливо за нивната искрена љубопитност.

„Сакавме да понудиме сеопфатно мени инспирирано од овошјето, кое ќе биде атрактивно за сите генерации и сите вкусови, но пред сѐ еден уникатен настан, каков што посетителите немале прилика да видат. Во период на одмори, кога градот е практично празен, подготвивме интересна содржина во пријатна и опуштена атмосфера, каде нашите гости ќе можат да се разладат и да уживаат во специјалната овошна понуда“, изјави Питер Татар, главен готвач на Дистрикт бар и ресторан.

Летниот фестивал на овошјето ќе ги отвори своите врати од 12 до 18 часот за сите посетители, а ветува неповторливо искуство и вистинско уживање во долгите и топли летни денови.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКореографија на Brian Friedman на синглот „New Rules“ од Dua Lipa
Следна објаваТорби од природни материјали и дрво!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР