Пред  да помислите дека станува збор за уште едно од мноштвото луксузни скијачки одморалишта на Алпите, ве информираме дека ресортот кој ви го претставуваме во продолжение е архитектонска атракција во Босна и Херцеговина. Прекрасниот хотел ,,Pino Nature’’ се наоѓа во близина на Сараево, на само десетина минути возење од градот, а извишен на идеална надморска височина од 1070 метри. За неговата импресивна градба и внимателно осмислен дизајн е заслужно студиото ZEC, а за само една година хотелот прерасна во омилена адреса на бројни познати личности и туристи од целиот свет. Се простира на површина од близу 3000 метри квадратни и располага со 22 соби, два апартмани, велнес центар, детска игротека, конференциска сала, ресторан, камин-бар со галерија, како и кровна тераса со фантастични глетки на околните пејзажи. Со други зборови, има се’ што ви е потребно за еден безгрижен хедонистички одмор во природа, без оглед на годишното доба и временските услови. Уживајте во фотографиите и препуштете се на зимската мечта!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајнови модни трендови на очила за сонце s/s 2017
Следна објава“Love” гаџет ја враќа славата на грамофоните!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ