IntelliSafe Auto Pilot interface
IntelliSafe Auto Pilot interface

Шведскиот автомобилски гигант Volvo cars и компанијата Uber, компанија за делење на превоз, ги здружија силите за развој на следанта генерација автономни возила.

Двете компании потпишаа договор за поставување на заеднички проект кој ќе развие нова платформа за возила кои ќе може да ги вклучи најновите достигнувања на AD (автономно возење) технологијата, вклучувајќи дури и целосно автономни возила. Возилата ќе бидат произведени од Volvo Cars, кој ќе ги продаде на Uber. Двете компании заеднички ќе вложат 300 милиони долари во овој проект.И Volvo и Uber ќе ја користат истата платформа на возила за следната генерација од нивната стратегија за автономни возила. Ова значи, додавање на самоуправувачкиот систем на Uber во Volvo возилата. Исто така, Volvo ќе ја употреби истата база на автомобил за следната фаза за автономни возила, кој ќе вклучи и целосно автономно управување.

Проектот претставува значаен чекор во автомобилскиот бизнис со автомобил произведен со заеднички сили и нова автомобилска компанија од Силиконската долина, потенцирајќи го начинот на развој на глобалната автомобилска индустрија во одговор кон новите технологии. Алијансата претставува почеток на она што двете компании го очекуваат од долгорочното индустриско партнерство.

Volvo Cars and Uber join forces to develop autonomous driving cars
Volvo Cars and Uber join forces to develop autonomous driving cars

Хакан Семуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars, вели: „Volvo е светскиот лидер во развој на активна безбедност и технологија за автномно управување, со многу кредибилитет во сферата на безбедноста. Ние сме многу горди да бидеме избрани партнери на Uber, еден од лидерите во технолошките компании. Партнерството го сместува Volvo во срцето на најновата технолошката револуција во автомобилската индустрија“.

Новите возила ќе се развиваат на SPA (Scalable Product Architecture) модуларот на Volvo Cars, една од најразвиените светски архитектури кои се користат во најновите престижни и наградувани возила XC90 SUV, S90 премиум седани V90 премиум естејт. SPA архитектурата ќе биде дел од глобаната индустриска програма од 11 милијарди долари, започната во 2010 година и е основна база за најновите технологии за автономни возила, како и следната генерација за електрификација и развој на поврзаноста. Ова е капацитетот кој го привлече Uber да соработува со Volvo.

Работата ќе се развива со инженери од двете компании со заедничка тесна соработка. Овој проект ќе придонесе во употребата на SPA платформата која вклучува безбедност и најновите можност на автономните возила на патиштата.

Травис Каланиќ, извршниот директор на Uber, вели: „Повеќе од милион лица умираат во сообраќајни несреќи секоја година. Овие трагедии може да се спречат од самоуправувачките технологии во возилата, но тоа не може да го сториме сами. Ова е причината за нашето партнерство со најголемиот автомобилски производител, како што е Volvo. Оваа компанија е лидер во развоојот на автомобилите и најдобра во однос на безбедноста. Со комбинација на капацитетите на двете компании ќе стигнеме побрзо до иднината, заеднички“.

Повеќе можете да погледнете на кратките видеа:

Следете нè на:

Контакт:
Ми-Да Моторс ДОО
Телефон: 2 3064 056
E-mail:contact@volvocars.mk

ЗаВолвоГруп

ВолвоГруп е основаново 1927. Денес, ВолвоГруп е еденоднајпознатите и најценетисветскиавтомобилскибрендовисопродажбаод 503,127 автомобиливо 100 земјиза 2015 година. Од 2010 година, Волво е сопственостнаZhejiang Geely Holding (Geely Holding), Кина. Седо 1999 година, ВолвоГрупбешеделодВолвоГруп-Шведска, когакомпанијатабешекупенаодстранана Ford Motor Company-САД. Во 2010 година, ВолвоГрупбешепревземенаодстрананаGeely Holding.

ЗаклучносоДекември 2015 година, Volvo Cars имаречиси 29.000 вработенинизцелиотсвет. ДирекцијатанаВолвоГруп, развојнапроизводството, маркетинг и администрацијатасеглавнолоциранивоШведска. ДирекцијатанаВолвоГрупзаКина е лоциранавоШангај. ГлавнотопроизводствонаавтомобилинакомпанијатасенаоѓавоGothenburg (Sweden), Ghent (Belgium), Chengdu и Daqing (China), додекамашинеријата е лоциранавоSkövde (Sweden) и Zhangjiakou (China) и придружнитекомпонентивоOlofström (Sweden).

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Disco forest”-Најновата колекција на Zara
Следна објаваАктуелна баба (88 ) на Instagram!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР