0

Ви претставуваме мал станбен простор со површина од 27 метри квадратни, кој располага со сите предуслови за удобен живот на поединец или млада двојка. Ентериерот е стилизиран со примена на белата боја, бледо сивите и сини тонови, а вешто е искористена скромната квадратура со паметен и динамичен распоред, преку добро планирање на секое катче. Располага со пријатен дневен престој кој е сместен покрај прозорците, па природната светлина непречено циркулира. Распоредот вклучува и кујна, спална соба и бања, како и импровизирана трпезарија и мини канцеларија, но и пространа и сончева тераса. Зоната за дружење и социјализација е издвоена од спалната соба со полупреграден ѕид, со што е делумно задржана интимноста на собата за одмор и релаксација. Дизајнот е светол, воздушест, отворен и стилски, со компактно чувство кое ги обединува функционалноста и добриот вкус. Украсен е минималистички и со внимателно избрани фини детали, кои му даваат префинета нота на просторот. Едно од практичните решенија е флексибилната трпезарија со две столици, но и големиот плакар за складирање во ходникот, со што дополнително се заштедува простор. Иако внатрешноста на станот е минијатурна, сепак терасата е доволно пространа и комфорна, па надоместува со лежерната атмосфера и пријатниот амбиент кои канат на уживање надвор. Погледнете како е уреден овој инспиративен мини дом, и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

НЕМА КОМЕНТАРИ