Убав почеток, за убава работна недела. Како? Со две добри претстави на фестивалот „Лица без маски“.

Вечерва во 20:00, можете да ја погледнете „Соседи“ од Павел Стоурац и тимот на Театар „Континуо“ во Главна сцена на Универзална сала во Скопје.

Приказна за едно место во периодот од 1938-1953 и за животот на неговите жители преку нарација за последните 80 години во Централна Европа.

Еден обид за враќање во историјата преку една несреќна приказна на неколку несекојдневни ликови. Тука е еден германски ветеринар егзекутиран во зафрлена тесна уличка, ментално хендикепиран млад Германец кој во својата германска униформа излегува да се прошета по улиците за да го прослави крајот на војната. Тука се и неколку Чеси кои се осудуваат меѓусебно во текот на војната, но и по нејзинот крај. Преку танц и жива музика се прикажуваат сцените со алкохолот, народниот дух, многу трикови и сепак малку хероизам. Некои од приказните нема да бидат раскажани со зборови, туку со песни и танџ заедно со маски на животни, луѓе, баброги, сеништа…

Во режија на Павел Стоурац, додека главните улоги ги играат: Зузана Смолова, Катерина Собанова, Мартин Јанда, Мишал Пухац, Алесандро ла Рока, Иван Јурецка, Павел Стоурац, Мартина Мохлова и Лукаш Јира.

Дефинитивно добро „потрошени“ 50 минути. ;)

Додека пак, во малата сцена на Универзална сала во 22:00, можете да ја погледнете „Проклетството на Виктор и Викторија под режија (и авторство) на Војо Цветановски.

Приказна за Виктор и Викторија кои само еднаш се сретнаа и целиот свој живот го минаа постојано барајќи се’. Нивната болка и патење во постојано барање на подобрите денови, себе си и сопствениот спокој.

Оваа претстава ќе исполни од Вашето време само 40 минути.

1

Билети за двете претстави можете да резервирате тука, најдоцна еден час пред почетокот на претставата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSupervenus | За современата женска убавина
Следна објаваОтмена гарсониера од 34м2
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ