„Овој формат првпат го сретнав во Сатрдеј ивнинг пост и ми се допадна затоа што, на крајот од секоја од епизодите, читателот има речиси ист удел како и писателот – имаш цела недела да одгатнеш кон каде следно ќе се извие змијата. Освен тоа, ми се чини дека ваквите приказни се читаат и се доживуваат многу подлабоко, затоа што се читаат дозирано. И да сакаш не можеш да ја голтнеш одеднаш.“
Овие редови стојат во предговорот на овој серијал на Стивен Кинг, новитет од Арс Либрис кој ќе ги израдува сите вљубеници во добрите трилери – сите шест изданија на „Зелената Милја“ од Стивен Кинг преведени на македонски јазик и достапноста на овие изданија ќе биде секоја недела со дневните весници на Медиа Принт Македонија и доплата од 100 денари.

Во поглед на изборот и форматот на оваа иницијатива, од Арс Либрис велат (а DA потврдува) дека „Зелената Милја“ е светски бестселер и претставува најнеодоливото патешествие на Стивен Кинг. Идејата за објавување на романот во повеќе „епизоди“ потекнува и од самиот автор. Всушност и оригиналната публикација на серијалот го следи овој формат – роман во книшки. Инспирацијата за ваков вид на публикување, Стивен Кинг, пак, ја црпи од Чарлс Дикенс кој ги објавувал романите во продолженија или како додаток во средина од списание. Издавачите одлучуваат да ја задржат неговата оригинерна замисла и да го поедностават збогатувањето на Вашата библиотека преку неделна достапност на сите делови од серијалот за уште поедноставни, 100 денари. DA Ве советува: не заборавајте дека ова е роман што не се пропушта!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМашки тренд | Шарени панталони
Следна објаваМистичниот тунел од дрвја во “Игра на тронови”
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ