Проекцијата на седум кратки филмови на тема ,,Секс” ќе ја отвори денешната програма на 17. Скопски филмски фестивал, која предвидува и прикажување на уште 4 долгометражни филмски остварувања во градското кино ,,Милениум” и ,,Кинотека на Македонија”.

sff001

Седмиот фестивалски ден во ,,Милениум” ќе започне во 16 часот, со бесплатно прикажување на седумте кратки филмови на тема ,,Секс” (забранети за помлади од 18 години). Два часа подоцна на репертоарот е холандскиот филм ,,Тивките”, а по него следуваат и преостанатите два филма од програмата за авторски филмови. Терминот во 20 часот е резервиран за француската драма ,,Киднапирањето на Мишел Уелбек”, a како последен во 22 часот е најавен анимираниот документарец ,,Дали човекот кој е висок е среќен?” во кој Мајкл Гондри прави интервју со Ноам Чомски. Во ,,Кинотеката на Македонија”, со почеток во 18 часот ќе биде прикажан филмот „Ноќ на земјата“ од 1991 година, во режија на Џим Џармуш, како дел од филмската ретроспектива посветена на американскиот режисер.

Тивките / Silent Ones (2013)

sff002Девојка се буди по сообраќајна незгода. Нејзиниот помлад брат исчезнал. Кaко што му ветила, таа се качува на брод во потрага по нов живот. Но, тогаш мрачниот Габор и се испречува на патот и комплетно ја презема контролата врз нејзиниот живот. Таа сега е затворена во ужасен свет, нереална зона на самракот, сама и изгубена, обидувајќи се да си го најде патот преку гатанката во нејзиниот мозок, барајќи го она што никогаш нема да го најде: среќата и слободата која ја имала со брат и. Силата на филмот лежи во употребата на тишината што се однесува на говорењето. Иако има многу малку дијалози, актерите успеваат да пренесат голем број на емоции преку нивните изрази на лицето и преку нивниот изглед.

Киднапирањето на Мишел Уелбек / The Kidnapping of Michel Houellebecq (2014)

sff003Во септември 2011 година, додека е на наводна промотивна турнеја за својот роман, писателот Мишел Уелбек кратко исчезнува од лицето на земјата. Озборувања почнуваат да кружат, дека тој е киднапиран од Ал-каеда или вонземјани од друга планета. Ова е мистеријата која режисерот се обидува да ја расветли. И секако, Мишел Уелбек може да биде одигран од само еден човек: а тоа е токму Мишел Уелбек. Многунаградуваниот француски новелист кој предизвика бран на насилства поради неговиот поглед на сексот, исламот и западната цивилизација, овде гази сигурно пред камерата, во филм што може да биде опишан како хибрид на измислено самопортретирање.

Дали човекот кој е висок е среќен? : Анимиран разговор со Ноам Чомски / Is the Man Who Is Tall Happy? : An Animated Conversation With Noam Chomsky (2013)

sff004Филмска средба меѓу режисерот Мишел Гондри и легендарниот политички активист, лингвист, автор и професор на МИТ, Ноам Чомски. Со неговиот поднаслов „анимиран разговор“ знаете дека Гондри нема да се ограничува себе си употребувајќи го традиционалниот формат на снимање интервју. Иновативниот документарист на гледачот му ги претставува теориите на Чомски преку серија на анимирани разговори. Двајцата разговараат за се, од неговото пионерско истражување за стекнувањето на јазикот кај децата до неговите погледи на образованието, религијата,политиката. Користи старомодни анимации врз интервјуто снимано во живо на 16 милиметарска филмска лента, Гондри го разоткрива речиси сиот професионален и приватен живот на Чомски.

Ноќ на земјата / Night on Earth (1991)

sff005Додека Џармуш ги избегнува големите холивудски студија, тој нема проблем да соработува со добро познати актери. Неговиот прв експеримет е „Ноќ на земјата“ во кој глумат познатите филмски ѕвезди Винона Рајдер, Џина Роландс и Роси Перес. Пет градови. Пет таксисти. Множество од странци во ноќта. Џим Џармуш собира интернационална екипа на актери во овој квинтет од приказни за урбаното преместување и егзистенцијален немир, менувачки временски зони, континенти и јазици. Џармушовиот нежен накривен поглед на човештвото од позиција на патник го прави овој филм еден од неговите најшарманти филмови.

Divianarts.com е  член на групата на официјалните медиумски покровители на Скопје Филм Фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМалечките светови во Лондон
Следна објаваNike | Risk Everything
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ