Што се случува кога ќе се спои среќна мелодија со среќата на еден читател? А што би се случило кога „Happy“ на Pharell Wiliams би се споила со среќни читатели од Хрватска? Со цел да поттикнат на читање во своите кругови, на пријатели, колеги, ученици, клиенти – за заедно да промовираат книги, читање, библиотеки и книжарници; книжарницата Ljevak во соработка со Националната и универзитетска библиотека на Загреб и со помош на сите книжарници во Загреб и училишни библиотеки, како и Хрватското друштво на читатели ја подигнува оваа иницијатива со наслов „Среќни со книга“ каде што како целна група им се читателите во севкупност, деца и возрасни.

Со помош на оваа популарна и позитивна песна, снимени се неколку интересни и комични кадри кои нема никого да остават рамнодушен: особено не љубителите на книги. Со благодарност на разиграните читатели, Загреб со својата читателска популација поттикнува на нови читателски иницијативи ширум светот!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваNike | Risk Everything
Следна објаваМоќта на прегратките
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ