Новиот македонски филм „Деца на сонцето“ на Антонио Митриќески, чија постпродукција е при крај, ќе биде ексклузивно претставен на 17. Скопски филмски фестивал, кој трае од 23 до 30 април.

002Во траење од 15 минути, како своевидна најава за она што публиката може да го очекува од септември, публиката ќе може да проследи еден дел од оваа современа урбана приказна, кои ќе бидат прикажани на затворањето на фестивалот, на 30 април.

На годинешниот фестивал предвидено е да се одржат и една трибина и предавање. Трибината која носи наслов „Револуцијата е мртва! Да живее револуцијата!“ како повод ќе го искористи филмот на Лукас Мудисон „Ние сме најдобри“, кој е вклучен во Главната програма и кој ќе се прикаже во сабота (26 април) во 18 часот во киното „Милениум“. Во соработка со членовите на „Хип Хоп Македонија“, нејзиното одржување е закажано за 18 часот во понеделник (28 април) во киносалата на Кинотеката на Македонија.

плакат (1)

На 29 април, пак, во соработка со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА македонскиот режисер Иво Трајков ќе одржи предавање насловено „Анализа на драмската структура и изградба на ликовите како основа за филмска нарација“.

17.издание на Скопскиот филмски фестивал започнува вечерва, со проекцијата на руската воена драма ,,Сталинград”.

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на Скопје Филм Фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧај со моден потпис
Следна објава3 светски филмови на денешната програма на 17.СФФ
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ