Три исклучителни филмски остварувања од Данска, Индија и Естонија ќе бидат прикажани денес во градското кино ,,Милениум”, како дел од главната програма на 17.Скопски филмски фестивал.

0000

Со почеток во 18 часот, прв пред скопската публика ќе биде претставен данскиот филм „Часот на рисот“ на режисерот Сорен Крег Јакобсен. Два часа подоцна, на програмата е индискиот „Спакуван ручек“, кој има освоено 20-ина меѓународни награди. Последната проекција во „Милениум“ е во 22 часот, со прикажување на естонскиот наслов „Слободна зона“.

Часот на рисот / The Hour of the Lynx (2013)

3n

Сорен Крег Јакобсен, еден од најуспешните режисери во Данска, се враќа со својот нов филм „Часот на рисот“. Филмот нуди нешто поинакво од вообичаените „Nordic Noir“ трилери.Научничката Лисбет и приоѓа на свештеничката Хелен со очајна молба за помош. Младо момче кое било испратено во строго обезбедуваниот оддел на психијатриската болница откако извршил двојно убиство, се обидува да се самоубие дрдорејќи неповрзано за Господ. Тој бил дел од групен експеримент – да се хуманизираат затвореници преку дружење со животни, меѓутоа одеднаш неговата состојба се влошува.Поради страв дека тој повторно може да се обиде да изврши самоубиство, двете ќе мора да се справат со нивните заеднички нетрпеливости додека се обидуваат да ја откријат вистината. Во трката со времето, двете жени започнуваат патување длабоко во умот на еден болен човек. Она што ќе го откријат, ќе ги промени засекогаш.Филмот е снимен во 35 мм, камерата е мрачна и визуелно привлечна со нејзините есенски и зимски бои, и речиси сето дејство се одвива во институцијата. „Часот на рисот“ е комплексен мозаик на нордиската митологија, религијата и медицинско-научните сфаќања. Опсесивната приказна е филмска суб-приказна за детството и неговите влијанија врз подоцнежниот живот.

 Спакуван ручек / The Lunchbox (2013)

009Велат дека патот до срцето на мажот води преку неговиот стомак. Филм кој ги храни сите сетила, „Спакуван ручек“ е приказна за двајца странци кои стануваат нешто повеќе. Дејствието се случува во современ Мумбаи, град чија постојана бучава, гужва и бои го потенцираат чудото еден човек да пронајде некого. Ила е домаќинка која секој ден готви топол ручек за својот отуѓен, невнимателен сопруг, кој му го испраќа на работа преку сервисот за разнесување на храна. Но, експедитивните курири прават грешка и вкусниот ручек на Ила завршува кај осамениот вдовец Сајан.И така започнува, запоставената жена, која своето срце го празни во храната и белешките кои звучат како поетични делови од дневник, и емоционално мртвиот постар маж кој повторно оживува од нејзиното внимание. Пакетот со јадење станува курир, пренесувајќи пораки помеѓу Ила и Сајан и нивните многу различни светови: нејзината тесна кујна, каде што сосетката од горниот кат и довивикува совети за готвење преку скалите и преполната канцеларија на Сајан, без компјутер, пренатрупана со изветвени тефтери и документи.Токму овде овој филм се укотвува, во фантазијата на флертувањето, романтиката во пронаоѓањето на оној кој ќе ве сослуша и ќе се согласува со вас.Дали овој неверојатен пар ќе успее да ги победи сите препреки и ќе стане двојка? Или дали воопшто треба, имајќи ја во предвид разликата во години и можноста да го уништат домот на Ила?„Спакуван ручек“ оди подлабоко од тоа, со човечки интерес трага и во најмрачните осамени часови и во најслатките врски помеѓу луѓето. Ова е филм за тркалото на животот, како и за она што ни помага да се соочиме со неговите вртења и да најдеме пат низ неговиот бескомпромисен лавиринт.Дебитантскиот филм на Ритеш Батра не е толку филм за нашата страст за храна, колку што е филм за нашата глад за соединување со луѓето, дури и кога помислата на тоа не прави нервозни и несигурни.

Слободна зона / Free Range (2013)

876

Пред половина век, големото платно блесна со лути млади луѓе кои се бореа против постарата генерација со алкохол, поезија и лошо однесување. „Слободна зона“ на естонскиот маестро Веико Оунпу, неговиот трет филм, личи на самосвесно поклонение на златните години на бурните романтични бунтовници од 60-тите години.Постојано мрзоволниот, страствен пушач и добро налеан пијаница, Фред, е најмалку симпатичен главен лик. Вооружен со продорни сини очи, краток фитил и со презир кон начинот на живот на родителите и шефовите, овој дваесетгодишен нарцис го поминува времето бегајќи од обврските. Тој реагира на веста дека неговата девојка Сузана е бремена со бегство кај бившата девојка. Галантноста не е неговата најсилна страна, но, работата е неговиот најголем непријател. Отпуштен од весникот каде што работи како филмски критичар, тој со тешко срце се врти кон физичка работа, ретко издржувајќи на работното место подолго отколку што треба за да го навреди неговиот нов шеф.Вработен како виљушкар, тој го прекршува секое правило за безбедност при работа со неговото опасно возење и креативни методи на редење. Снимен на 16 мм лента, често намерно неуреден и со заматен фокус, „Слободна зона“ е стилско поклонение на ретро претстава за романтичното бунтовништво. Музиката во филмот звучи како да е од стар грамофон и создава слика од која ви застанува здивот. Кратките моменти на светла боја и намерно неуредната монтажа помеѓу сцените изгледаат како оддавање на почит на творештвото на Жан Лук Годар.„Слободна зона“ е дадаистичка и егзистенцијалистичка приказна за безначајноста на нештата, но го има пулсот и ритамот на филм кој го афирмира животот. Ова е случај на „мора да го гледаш, за да веруваш во него“, но кога ќе ги видиш белите коњи како трчаат на зелено поле во забавена снимка, речиси како еднорози од мистична приказна, знаеш дека си привилегиран доволно за да го гледаш најдобриот филм на овогодинешното Берлинале.

Divianarts.com е  член на групата на официјалните медиумски покровители на Скопје Филм Фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМакедонскиот филм ,,Деца на сонцето” ексклузивно на 17. Скопски филмски фестивал
Следна објаваNike | Make Every Yard Count
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ