Култниот хотел The Berkeley, во квартот Knightsbridge во Лондон, и оваа сезона нуди десерти со кои буквално можете да ,,гризнете” од популарната мода. Попладневниот чај во 17 часот е една од ,,најанглиските” навики на сите вистински Британци, па хотелот пронашол шик начин да се прослават разни значајни настани во општеството, како што беше дијамантскиот јубилеј на Кралицата во 2012, и тоа со омилените десерти кои совршено ѝ прилегаат на секоја чајанка.
Во просторот на познатата “The Caramel Room”, и оваа пролет се послужуваат таканаречените “Pret-a-Portea” порции, чај сервиран со десерти во форма на главните парчиња од колекциите на познатите модни дизајнери. Оваа сезона се послужуваат чоколадни колачи што личат на штиклите “Pigalle Spike” на Christian Louboutin, егзотичната чантичка на Miu Miu, како и црвениот фустан на близнаците Caten за Dsquared.