Шармантните хрватски момци, Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер познати како 2CELLOS се веле-мајстори на виолончело. Тие се гении кои забораваат на се’ и се предаваат на музиката. Внесени целосно тие секогаш имаат одлични настапи во кои сите уживаат. Тие постигнаа сензационален успех кршејќи ги границите помеѓу различни жанрови на музика. Во ова видео, дело на Кристијан Бурловиќ, тие претставуваат своја изведба на „Thunderstruck“ од легендарниот рок бенд AC/DC, користејќи свој аранжман кој тие го опишуваат како со „барок стил“.
Облечени во облека од 18 век, тие додаваат поголема автентичност на својата изведба.