Кучето е единственото суштество на земјата кое би Ве сакало повеќе од себе си. Тоа е искрено животно кое се приврзуава за човекот и оправдано велат дека кучето е најдобриот пријател кој може да го имате. Само куче со часови ќе Ве чека на прагот и ќе се израдува на Вашето доаѓање без да праша каде сте биле. Тоа чувствува кога сте тажни или болни, тогаш внимателно ќе седне во Вашиот скут сакајќи да ја намали Вашата болка или тага. Доколку имате куче сигурно ова веќе го знаете, но доколку не сте љубител на кучињата овие фотографии ќе го променат Вашето мислење.

21
Кучињата ги сакаат децата. Доказ за тоа се 4-годишниот Џулијан и неговото 5-годишно куче Макс.
22
Кучињата се најдобри водичи. Оваа слепа жена целосно се предала на своето куче кое е нејзин водич.
24
Во болница во Сао Паоло постојат специјално обучени кучиња кои се таму да си играат со децата.
25
Разделбите се тешки и за кучињата.
26
Роуз е девојка која го преживеала масакарот на Брејвик во младинскиот камп, но потоа ја измачувале страшни кошмари. Мајка и решила да донесе куче дома за да и помогне да ја надмине ситуацијата.
27
Кучињата се добри придружници за патување. Јоана Лефсон е новинарка која заедно со своето куче Оскар посетила 32 земји.
30
Во неколку американски стоматолошки клиники има специјално обучени кучиња кои им помагаат на младите пациенти да го совладаат стравот.
29
Кучињата се добри ловци. Ова е фотографија на Ендрју со неговите кучиња на почетокот на новата ловечка сезона.
31
Оваа фотографија е направена два дена по смртта на сопственикот на кучето. Кучето постојано седело таму.
32
Доколку повеќе сте љубител на мачките, тогаш земете си „маче што лае“. Boo е мало, преслатко кученце.
33
Нема да Ве остави кога ќе остареете.
34
Ќе биде тука секогаш кога Ви треба прегратка.
35
И кога сакате да направите откачена фотографија. :)
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНесекојдневна изведба на „Тhunderstruck“
Следна објаваКатарина Ивановска за „Peter Hahn“
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР