Секоја земја е прекрасна на свој начин. Секоја има своја автентична убавина и места препознатливи за неа. Сепак некои места наликуваат едни на други. Денес Ви претставуваме неколку места во огромната Русија кои наликуваат на други добропознати места во светот.

Истанбул?

21

Владивосток – мостот е изграден во 2012 година.

Тибет?

22
Ова е најголемиот будистички храм во Европа. Се наоѓа во Елиста, Калмикија. Внатре во него се наоѓа девет метри висока статуа на Буда.

Планината Фуџи?

23
Ова е вулканот Кронотски кој се наоѓа во истоимениот национален парк во Камчатка и наликува на планината Фуџи. Овој национален парк е еден од најстарите природни резервати во Русија.

Камена шума во Кина?

24
Не, ова се Лена столбовите. Црвени камени столбови кои се рефлектираат во мирните води на реката Лена.

Швајцарија?

25
Речиси, само 6500 километри источно од Швајцарија. Ова се Алтајските планини, едно од најпознатите недостапни места во Русија.

Виетнам?

26
Не, ова е залив на полуостровот Камчатка. Вториот најголем залив во светот, долг 24 километри.

Италија?

28
Ова е Санкт Петербург, градот кој некои го нарекуваат Венеција на северот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПред и потоа со Studio Allure и Небојша Пешевски
Следна објаваНесекојдневна изведба на „Тhunderstruck“
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР