Многу одамна, еден човек кој премногу долго пешачеше покрај реката, одлучи да се наведне и да ја угаси жедта која му го гореше грлото неколку часа. Иако во недоумица дали водата од реката е доволно чиста, неговата жед беше доволно голема за да не си дозволи понатамошно размислување на темата. Додека пиеше од водата, човекот забележа скорпија која лебдеше на врвот од реката.

Во делот од секундата, човекот решава да ја спаси скорпијата од потонување, но таа му возвраќа во истата секунда со силен убод. Човекот сеуште се обидуваше да ја извади скорпијата надвор, но таа продолжи да му нанесува убоди…

Друг човек во близина испаничи откако ја согледа ситуацијата, извикувајќи помош и крици за човекот да престане да ја спасува скорпијата, дека е можно да навлезе отров во неговата рака и да умре!

Но, на тоа повредениот човек одговорил: „Природата на скорпијата е да делува со својот отров. Мојата природа е да помогнам на другите – зошто да се откажам од својата природа да сакам, помогнам и правам добро затоа што туѓата природа е се’ спротивно на мојата?“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДополнителен термин за претстава – Огнени Јазици
Следна објаваКниги на рамо | Book-totes
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР