Претставата ,,Огнени Јазици” жанровски е определена како трагикомедија, во која преку голем број ликови и различни ситуации се раскажува за животниот напор на светите браќа, да се разбере светот без разлика дали е на кирилица или на латиница.
Во „Огнени јазици“ игра одлична актерска екипа: Драган Спасов-Дац, Благој Веселинов, Сања Арсовска, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Диме Илиев, Игор Ангелов, Зоран Љутков и Соња Стамболџиоска. Музиката е на Златко Ориѓански, костимите на Ивана Кнез, сценографијата на Игор Тошевски, додека анимацијата ја направи Денис Сарагиновски. Автор – Горан Стефановски и Режија Слободан Унковски.
Заради огромниот интерес на публиката за претставата Драмскиот театар овозможи дополнителен термин за прикажување на истата, во недела на 10.11.2013 год. со почеток во 20.00 часот.
Се гледаме таму!