Луѓето се непресметливи, неразумни и мислат само на себе.
И покрај тоа – сакај ги.

Ако сториш добро, луѓето ќе помислат дека го правиш тоа поради сопствени интереси.
И покрај тоа – прави добро.

Ако си успешен, ќе создадеш лажни пријатели и вистински непријатели.
И покрај тоа – биди успешен.

Ако денес сториш добро, тоа веќе утре ќе биде заборавено.
И покрај тоа – прави добро.

Отвореноста и искреноста те прават повредлив.
И покрај тоа – биди отворен и искрен.

Најголемите мажи и жени со најголемите идеи можат да бидат соборени од мажите и жените со најмалите умови.
И покрај тоа – имај големи идеи.

Луѓето ги претпочитаат губитници, но ги следат само победниците.
И покрај тоа – бори се за губитниците.

Нештата кои си ги градел со години, можат преку ноќ да бидат уништени.
И покрај тоа – продолжи да градиш.

Некои луѓе на кои навистина им е потребна твојата помош, може да те нападнат штом ќе ја добијат од тебе.
И покрај тоа – помагај им.

Дај му го на светот најдоброто од себе, а за возврат ќе добиеш неблагодарност.
И покрај тоа – давај му го на светот најдоброто од себе.

Kent M. Keith

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДа цртаме заедно | Angela Hendricks & нејзината 4 – годишна ќерка
Следна објаваНајслатката кампања за очила
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР